За нас

Компанијата АКАДЕМСКА КНИГА е основана во 2008 година. Основната дејност на компанијата е продажба на странска стручна литература од познати светски издавачки куќи и светски реномирани универзитетски печатници.

Во моментот АКАДЕМСКА КНИГА има две специјализирани продавници во Скопје, снабдени со повеќе од 47.000 различни наслови со најповолни цени во регионот, а продавниците се наоѓаат на следните локации:

Академска книга, ул. Даме Груев, бр.5 (наспроти новото Министерство за финансии, поранешната зграда на Љубљанска банка), каде што имаме голем избор на стручна литература од сите области.

Академска книга, Универзитетски кампус на УКИМ (на влезот на  Економски факултет), каде што имаме голем избор на стручна литература од областа на економските, правните, општествените и други науки.

Специјализираната компанија за продажба на странска стручна литература АКАДЕМСКА КНИГА соработува и работи за потребите на: бизнис едукативните центри, центрите за подготовка за тестирања, училиштата за изучување на странски јазици, библиотеки, државни и приватни универзитети на кои им нуди посебни модели на соработка, основни и средни училишта, дипломатски училишта, дипломатски преставништва, европските институции и фондови за развој на образованието, итн.

Фондот на стручна литература во нашите продавници постојано се збогатува со најнови изданија на монографии, научни трудови од универзитетски печатници, книги за предавања (textbooks), прирачници, речници, книги за изучување на странски јазици, како и со други публикации од областа на повеќе науки.

Повелете посетете нè во некоја од нашите продавници, каде што покрај стручна литература имаме и катче за читање во кое ќе бидете послужени со бесплатен пијалок по Ваша желба! Ве очекуваме.