Бесплатна испорака за нарачки над 500 ден.
Достава и плаќање

Регистрација

Дали е неопходна?

Нема потреба да бидете регистрирани за да можете да купувате на нашата страница. Но, тоа е потребно доколку сакате да додавате артикли во Вашата кошничка. Истата функционира само доколку имате одобрено користење на така наречени cookies, во Вашиот браузер-пребарувач. Покрај тоа, самиот процес на купување е побрз за регистрираните корисници.

Како да се регистрирате?

Процесот на регистрација е едноставен:
Кликнете на “Најави се” во горниот десен агол на страницата. Потоа кликнете на “Регистрирај се”.
Впишете ги бараните податоци во полињата кои се предвидени
Кликнете на “Прати”
Потоа на Вашата емаил адреса ќе бидат доставени корисничките податоци за логирање. Кога повторно ќе ја посетите нашата страница, доволно е само да се најавите на системот.
Логирајте се со притискање на “Најави се” – потребно е само да ја внесете вашата е-пошта и лозинката која што за време на регистрацијата ја добивте на Вашата емаил адреса

Купување

Како купувам?

Одберете артикли кои сакате да ги купите. Покрај секој артикал има копче “Купи Веднаш” и икона од кошничка. Кликнете на иконата со кошничка и со тоа артиклот автоматски ќе биде додаден во Вашата кошничка. Доколу сакате да купите производ веднаш, без да го ставите во кошничка кликнете на копчето “Купи Веднаш”.
Во секој момент со погледнување на корпата во горниот десен агол на екранот може да видите колку артикли имате во корпата и која е нивната вкупна цена
Кога ќе ги изберете сите артикли што сакате да ги купите, кликнете на корпата во горниот десен агол на екранот ќе Ви се отвори образецот за купување
Можете да ја промените количината за производите кои сакате да ги купите. Доколку сите податоци се точни, кликнете на копчето “Продолжи”. На следните екрани пополнете ги задолжителните податоци. Прегледајте ја вашата нарачка и сложете со условите за користење и политика за приватност. 

Производи во кошничка

Како да додадам поизводи во мојата кошничка?

Со едноставно кликнување на иконата кошничка кое се наоѓа покрај секој артикал
Со кликнување на иконата можете во било кој момент да пристапите кон Вашата кошничка која се наоѓа во Вашата корисничка страница и секогаш имате преглед на артиклите кои ги имате избрано 
Доколку некој наслов Ви се допадне, но сеуште не сте целсоно сигурни дали имате желба да го купите, додадете го во кошничката!

Дали мора да се купат насловите од кошничката?

Нема потреба! Кошничката Ви служи како потсетник. Со нејзина помош можете на едно место да ги видите сите наслови кои се предмет на Вашиот интерес и кои воедно би сакале да ги купите.