Правила за користење

Услови за користење

1. Вовед

АКАДЕМСКА КНИГА МЕДИА ДОО Скопје дава интерактивни онлајн услуги преку интернет-страницата на домениот akademskakniga.mk што се во сопственост и со кои управува друштвото ДТУ АКАДЕМСКА КНИГА ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст – АКАДЕМСКА КНИГА) на World Wide Web мрежата (во понатамошниот текст: – Интернет). Услугата се однесува на промоција и продажба на литература.

Со користењето на оваа интернет-страница корисникот изјавува дека е запознаен и согласен со правилата и условите за користење наведени подолу во текстот. Доколку корисникот не се согласува со наведените правила и услови за користење, го молиме да се воздржи од употребата на оваа интернет-страница.

2. Општо

Овие Услови за користење ги пропишуваат условите и правилата што се однесуваат на користењето на интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА од страна на корисниците. Со користењето на оваа интернет-страницата (освен при првото читање на овие Услови), корисниците изјавуваат дека се согласуваат со изнесените услови и правила и согласни се со користењето на интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА во согласност со нив.

Правото на користење на оваа интернет-страницата е лично право на корисникот и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Корисникот е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките, на оние места каде што тие како такви постојат. Корисникот е запознаен со фактот дека, иако Интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите. АКАДЕМСКА КНИГА не може да биде одговорен за какво било губење податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на Интернет. Корисникот се согласува и прифаќа дека без оглед на причините, пристапот на интернет-страницата понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.

АКАДЕМСКА КНИГА го задржува правото во кое било време да измени или укине кој било сегмент од своето работење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страниците.

3. Измена на условите

ДТУ АКАДЕМСКА КНИГА ДООЕЛ Скопје го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени кој било од наведените Услови за користење. Затоа, корисниците се должни одвреме-навреме да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење, за да бидат информирани за таквите измени. Доколку дојде до измена на Условите за користење и корисникот продолжи да ги користи интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА, се подразбира дека ги прифаќа Условите за користење што се важечки во моментот. Каква било измена на условите на користење ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на интернет-страницата.

4. Опрема

Корисникот е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер, како и друга опрема, што е потребна за пристап и користење на оваа или други интернет-страницата, како и за трошоците поврзани со тоа. АКАДЕМСКА КНИГА не е одговорен за какво било оштетување на опремата на корисникот, што може да настане како последица од користењето на оваа или други интернет-страницата.

5. Корисник

Корисник е секое лице кое ги користи услугите на интернет-страницата на доменинот на АКАДЕМСКА КНИГА.

Во зависност од овластувањата на корисниците за користење на интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА корисниците се категоризираат во три категории: Обичен корисник, Регистриран корисник и Премиум корисник (кога се споменуваат сите заедно во текстот на условите – Корисници).

1. Обичен корисник. Обичен корисник е секој корисник кој не е регистриран и кој во согласност со тоа може да има пристап само до одредени содржини на интернет-страницата на доменинот на АКАДЕМСКА КНИГА. Доколку таквиот корисник сака да има пристап до сите содржини и услуги на интернет-страницата на доменинот на АКАДЕМСКА КНИГА тој треба да се регистрира во постапка детално објаснета на интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА во делот под назив "регистрирај се". Напоменуваме дека доколку корисникот одлучи да се регистрира од него ќе бидат побарани одредени лични податоци во согласност со Политиката за приватност на интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА.

2. Регистриран корисник. Регистриран корисник е секое физичко лице кое ја поминало постапката за регистрација и кое има пристап до сите содржини и услуги на интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА. Регистрираниот корисник има свое корисничко име и лозинка што му се потребни за пристап до неговиот кориснички профил, а со тоа и до сите содржини на интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА.

6. Однесување на корисникот

Целокупната комуникација и интеракција што се одвива преку оваа интернет-страницата мора да биде во согласност со оваа Услови за користење. Од корисниците се бара сите нивни активности во врска со користењето на оваа интернет-страницата да бидат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.

Корисниците не смеат преку оваа интернет-страницата да објавуваат или да пренесуваат какви било материјали:

- што ги загрозуваат или на кој било начин ги кршат правата на другите;

- што по својата природа се незаконски;

- што ја нарушуваат или загрозуваат приватноста;

- што се вулгарни, навредливи или на друг начин непожелни во комуникација;

- што поттикнуваат на противправни активности; или

- што на друг начин не се во согласност со Политиката на креативна прифатливост за рекламирање.

Какво било однесување на корисниците, што го ограничува или оневозможува кој било друг корисник во користењето или уживањето во оваа интернет-страницата строго е забрането. Корисникот не смее да ги користи оваа интернет-страницата за огласување на каква било верска и политичка пропаганда. Корисникот не смее да ги повикува другите корисниците на оваа интернет-страницата на тоа да станат членови на друга онлајн или офлајн услуга, што претставува директна или индиректна конкуренција на АКАДЕМСКА КНИГА.

7. Интелектуална сопственост

Сите материјали што се наоѓаат на интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА се ексклузивно право на АКАДЕМСКА КНИГА или се користат со изречно одобрение на носителот на авторските права и на носителите на правото на трговските марки и/или индустриските дизајни. Какво било копирање, дистрибуција, пренос, објавување или на друг начин користење на материјалите на оваа интернет-страницата, без изречна писмена согласност на АКАДЕМСКА КНИГА е забрането. Какво било кршење на оваа услови, што може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на кој било друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до иницирање на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот.

Корисникот нема на оваа интернет-страницата да поставува или да објавува каков било материјал што подлежи на авторско право, право на трговска марка или други права од интелектуална сопственост, без изречно одобрение на носителите на тие права. Корисникот е исклучиво одговорен за штетата што може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост или какви било проблеми настанати во врска со објавувањето на таков материјал.

8. Ограничување на одговорноста

Корисникот е согласен дека користењето на оваа интернет-страницата е исклучиво на негова одговорност. АКАДЕМСКА КНИГА не гарантира дека користењето на оваа интернет-страницата нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки; АКАДЕМСКА КНИГА не гарантира за последиците што можат да настанат со користењето на оваа интернет-страницата, како ни за точноста, сигурноста или содржината на која било информација или услуга дадена преку оваа интернет-страницата.

АКАДЕМСКА КНИГА не одговара за каква било штета или можна повреда причинета со грешка, прекин, дефект, каснење на преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациската линија, кражба, неовластен пристап, злоупотреба на записите, несоодветно однесување или со кое било друго дејство.

Корисникот потврдува дека АКАДЕМСКА КНИГА не е одговорен за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата што може да настане како последица на наведеното во потполност паѓа на корисникот.

Во ниту еден случај АКАДЕМСКА КНИГА или друго физичко или правно лице вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на оваа интернет-страницата, нема да бидат одговорни за каква било штета што може да настане како последица од користењето или неможноста за користење на оваа интернет-страницата. Корисникот изречно потврдува оваа одредби се однесуваат на целокупната содржина на оваа интернет-страницата.

АКАДЕМСКА КНИГА нема да биде одговорен за која било грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност на информациите што се наоѓаат на оваа интернет-страницата, како и за какво било доцнење или прекин во преносот на информациите до корисникот (на пример: е-пошта известувања што не се стигнати до корисникот), за какво било побарување или загуба што произлегуваат од тоа, вклучувајќи и изгубена заработувачка.

АКАДЕМСКА КНИГА не е одговорна за каква било содржина што корисникот може да ја постави на оваа интернет-страницата. Каква било содржина што е поставена, а е или може да се смета за несоодветна може во секој момент да биде отстранета од страна на АКАДЕМСКА КНИГА.

9. Надзор АКАДЕМСКА КНИГА има право да врши надзор над содржината на оваа интернет-страницата, со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на оваа Услови за користење, како и на кои било други правила пропишани од страна на АКАДЕМСКА КНИГА, како и усогласеност со позитивната законска регулатива. АКАДЕМСКА КНИГА го задржува правото на отстранување на кој било материјал, за кој, според сопствената Политика на креативна прифатливост за рекламирање, ќе најде дека не е во согласност со тука поставените правила или за кој ќе најде дека е дискутабилен на друг начин.

 

10. Содржини на трети лица

Во многу случаи, содржината што е достапна на оваа интернет-страницата претставува мислење и оценка на соодветниот давател на информацијата, корисникот или друг корисник кој не е во договорен однос со АКАДЕМСКА КНИГА. АКАДЕМСКА КНИГА не ги авторизира тие информации и според тоа не може да биде одговорна за точноста и сигурноста на кое било мислење, совет или изјава што е објавена на интернет-страницата, од страна на кој било, што не е овластен работник на АКАДЕМСКА КНИГА. Под какви било услови АКАДЕМСКА КНИГА нема да биде одговорен за каква било загуба или штета настаната со тоа што корисникот се потпрел на информација добиена преку интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА. На корисникoт паѓа целата одговорност да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на која било информација, мислење, став, совет или друга содржина што е достапна преку интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА. Интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА содржат линкови на веб-страниците на трети лица кои ги одржуваат други даватели на содржини. Оваа линкови се поставен и само поради практични причини, а не како потврда од страна на друштвото АКАДЕМСКА КНИГА за содржината на страниците на трети лица. Доколку корисникот одлучи да пристапи на веб-страниците на трети лица, тој тоа го прави на сопствена одговорност.

Доколку корисникот нема потпишано договор со АКАДЕМСКА КНИГА, што изречно му дозволува да го стори тоа, корисникот или трето лице не смее да постави линкови од интернет-страницата на доменот на АКАДЕМСКА КНИГА на која било друга интернет-страница.

11. Останати одредби

Насловите на Поглавјата користени во оваа Услови за користење служат само поради полесна ориентација и на кој било начин не влијаат на толкувањето на содржината што се наоѓа во нив. Доколку надлежниот суд пронајде дека која било одредба од оваа Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на која било друга одредба од оваа Услови, а преостанатите делови на оваа Услови ќе останат на сила. Доколку која било страна не ги искористи своите права од оваа Услови, тоа нема да се смета за откажување или за губење на тие права, како ни на кои било други тука наведени права.

Споровите што можат да настанат како последица на користењето на оваа интернет-страницата (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на Судот во Скопје и се решаваат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија