Бесплатна испорака за нарачки над 500 ден.
За нас

Компанијата „АКАДЕМСКА КНИГА“ е основана во 2008 година. Основната дејност на компанијата е продажба на странска стручна литература од познати светски издавачки куќи и светски реномирани универзитетски печатници.

Во моментот „АКАДЕМСКА КНИГА“е снабдена со повеќе од 50.000 различни наслови и со најповолни цени во регионот.

Специјализираната компанија за продажба на странска стручна литература „АКАДЕМСКА КНИГА“ соработува со и работи за потребите на:  бизнис едукативните центри, центрите за подготовка за тестирања, училиштата за изучување на странски јазици, библиотеките, државните и приватните универзитети, на кои им нуди посебни модели на соработка, основните и средните училишта, дипломатските училишта, дипломатските преставништва, европските институции и фондови за развој на образованието, итн.

Фондот на стручна литература во нашата продавница постојано се збогатува со најнови изданија на монографии, научни трудови од универзитетски печатници, книги за предавања (textbooks), прирачници, речници, книги за изучување на странски јазици, како и со други публикации од областа на повеќе науки.

Покрај големиот избор на стручна лутература , нашиот асортиман изобилува со популарни изданија на книги од секој жанр, каде што може да се најде од биографии, музички книги, класици до популарна психологија, бизнис , манга и стрипови. Секако имаме широк избор и за љубителите на хорор, фантазија , научна фантастика и уште многу разни жанрови

Покрај тоа, во продавницата имаме и посебен оддел - GAME ON - каде што се сместени најновите игри за Sony PlayStation, X-box, WII…

Од јануари 2019 Академска Книга е единствен застапник/дистрибутер на издавачката куќа Hamilton House Publishers на територијата на Македонија и Србија.                                                                                                                                                                         

Hamilton House Publishers е една од најбрзорастечките компании за ЕЛТ (English Language Teaching) на глобално ниво. Редакцијата и писателскиот персонал во Hamilton House Publishers доаѓаат со долгогодишно предавање низ целиот свет.                                             

Земајќи го во предвид ова искуство и коментари дадени од многу наставници со текот на годините, создадена е програма со широк спектар на материјали што ќе ги мотивираат и ќе им помагаат на учениците да учат англиски јазик. Учебници од предучилишна возраст, па се до тинејџери и возрасни, граматики за секое ниво, посебна колекција на читанки и стандардизирани тестови за подготовка за полагање на меѓународни тестови се дел од палетата на производи кои ги нуди Hamilton House Publishers.                                                       

Интерактивниот софтвер и електронската верзија на учебниците се достапни со секој наслов, а најновото достигнување е лансирањето на дигиталната онлајн платформа за учење на англиски јазик. 

Повелете посетете нè, при што ќе можете и да се освежите и да уживате во амбиентот на кафе-барот ШЕКСПИР, кој е во склоп на книжарницата.

Ве очекуваме!